Објавено на:

Клиника за ин витро во Северен Кипар е под истрага — најмалку 30 бебиња биле од погрешни донори

t

Клиника за ин витро во Северен Кипар е обвинета дека најмалку 30 деца, од кои повеќето се Британци, биле зачнати со погрешни донори на сперма или на јајце-клетки, објави „Би-би-си“.

Родители велат дека внимателно избирале анонимни донори врз основа на информации за нивната здравствена историја, изглед, карактер, образование и интереси.

Сепак, тие се сомневаат дека бараните донори на сперма и јајце-клетки не биле користени во нивните третмани за плодност.

Половина од 30-те деца биле родени по процедури извршени во клиниката „Догуш ИВФ центар“.

„Ова е апсолутно скандалозно“, изјавила една од мајките, Рејчел, која неодамна дознала дека клиниката ѝ доделила погрешен донор на сперма.

Тројца вработени – д-р Фирдевс Угуз Тип, д-р Шевкет Алптурк и координаторката за пациенти Џули Ходсон – биле вклучени во грижата на голем број од овие пациенти во „Догуш“.

Родителите се сомневаат дека овие вработени можеби ги довеле во заблуда. Фирдевс ги отфрла сите обвинувања, а Алптурк и Ходсон не го коментирале случајот.

Најголемата банка за сперма во светот, „Крајос интернешнл“, ја ставила клиниката „Догуш“ на црна листа уште во 2016 година.

Во Северен Кипар – територија каде што не важат законите на Европската Унија и која правно е признаена само од Турција – клиниките се слабо регулирани и на пациентите им нудат ниски цени, високи стапки на успешност и голем избор на донори на сперма и јајце-клетки.

Територијата под турска контрола е една од најпопуларните дестинации за Британците кои бараат третмани за плодност во странство.

„Би-би-си“ првпат го откри скандалот во март, кога мала група родители изјавија дека биле доведени во заблуда во врска со донорите.

Како одговор на обвинувањата, Министерството за здравство на Северен Кипар соопштило дека започнало официјална истрага.

Од 30-те деца, 11 досега направиле ДНК-тестови, кои покажале дека нивното генетско потекло е од Турција или од соседните земји.

Тоа отвора сомнеж дека при ин витро постапката не биле користени донорите што ги избрале нивните родители.

Повеќето од овие деца биле зачнати со ин витро во клиниката „Догуш“ во периодот од 2012 до 2024 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Клиника за ин витро во Северен Кипар…

Клиника за ин витро во Северен Кипар…

Купувале коли за цена на велосипед: Бугарија…

Бугарија, како и Холандија, се дел од…

Трагедија во Кипар: Две деца пронајдени мртви…

Две деца, на возраст од осум и…

Британија распореди системи за воздушна одбрана „Стормер“…

Британските вооружени сили распоредија системи за воздушна…

Кипар сака да влезе во НАТО

Кипар ќе аплицира за членство во НАТО…