Кола намерно влета во луѓе во Германија, повредени се неколкумина
Автомобил „бмв“ синоќа намерно влетал во група луѓе во германскиот град Нојштат ам Рибенберге, во близина на Хановер, при што биле повредени неколкумина, јавуваат локалните медиуми.
Инцидентот се случил околу 23:30 часот, додека полицајци во близина вршеле рутинска сообраќајна контрола. Според полицијата, во автомобилот имало непознат број осомничени, а за да го запре нападот, полицијата отворила оган врз возилото.
Околу четири до пет луѓе биле повредени, од кои некои потешко. Повредените биле пренесени во блиските болници, каде што добиваат медицинска помош.
Истражителите проверуваат дали луѓето што учествувале во инцидентот се познавале меѓу себе, а засега нема докази дека станува збор за терористички напад. Осомничениот или осомничените го оставиле автомобилот на местото на настанот и побегнале.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кола намерно влета во луѓе во Германија,…
Автомобил „бмв“ синоќа намерно влетал во група…
Германската агенција за вработување се противи на…
Германската влада планира да ја преполови квотата…
Германија инвестира милиони во вештачка интелигенција, планира…
Германската федерална влада планира широка соработка со…
Мртво бебе оставено во торба на улица…
Минувачи пронашле мртво новороденче (женско) покрај патот…
BMW инвестира 2 милијарди евра во Германија,…
Акциите на германскиот автомобилски гигант BMW во…