Кос: Македонија треба да ја исполни својата обврска за завршување на уставните измени

t

Македонија демонстрира посветеност на реформите и реформската агенда. Европската комисијата ќе продолжи да ја поддржува земјата на својот пат кон ЕУ. Нашата цел останува да го отвориме првиот кластер штом ќе се исполнат условите – рече еврокомесарката за проширување Марта Кос претставувајќи го пакетот за проширување за 2026 година во Брисел.

Како што рече Кос, условите за земјава се јасни.

– Северна Македонија треба да ја исполни својата обврска за завршување на уставните измени како што е наведено во заклучоците на Советот од 18 јули 2022. Сега зависи од Северна Македонија – рече Кос.

Кос, претходно, претставувајќи го пакетот за проширување за 2026 година, во кој се содржани извештаите на ЕК за десет земји кандидати за членство во ЕУ, посочи дека секоја земја кандидатка може да се придружи на групата земји што бргу напредуваат и оти Унијата ги охрабрува сите кандидати да го направат тој избор.

– Комисијата предлага нов модел на постепена интеграција. Сакаме повеќе Европа пред членството за нашите кандидати. Ова носи јасни придобивки за земјите кандидатки и земјите членки на ЕУ и служи на заедничките стратешки приоритети – вели Кос.

Таа посочи дека 26. извештај за проширување поставува кохерентен, стратешки и предвидлив пристап кон постепената интеграција, што го надополнува и го зајакнува процесот на пристапување.

– Во првиот квартал од следната година, ова е новитет, ќе почнеме дијалози за постепена интеграција со земјите кандидати за да ги разгледаме постојните мерки и да истражиме понатамошни можности за интеграција – рече Кос.

Таа посочи дека третиот новитет е фокусот на меѓусебно поврзаната природа на европската безбедност.

– Иако е познат фактот дека со процесот на проширување обезбедуваме мир, слобода, безбедност и просперитет во Европа, случувањата во земјите кандидати имаат директни последици за нашата безбедност. Дезинформациите, кибернападите и организираниот криминал влијаат на сите нас. Украина особено демонстрира извонредна отпорност во лицето на руската воена агресија. Нејзиното искуство и соработката со ЕУ придонесуваат за зајакнување на сопствената безбедносна и одбранбена подготвеност на Европа – посочи Кос.

Еврокомесарката оцени дека интегрирањето на земјите кандидатки во безбедносните структури на ЕУ значи подобра размена на информации и поголема координација на активностите.

– Добиваме поголема контрола врз миграцијата и организираниот криминал и го зајакнуваме капацитетот на Европа да издржи надворешни притисоци, а тоа ја зајакнува Европа како целина. Денешниот пакет за проширување доаѓа еден месец откога Комисијата ги презентира прегледите на политиките пред проширувањето, вклучително и комуникацијата за подготовка за поширока унија. Минатиот месец нашата процена покажа дека проширувањето е можно, но има области во кои гледаме предизвици на кои треба да се обратиме – истакна еврокомесарката.

Пакетот во кој Европската комисија ќе го оцени напредокот на секоја од земјите кандидати најпрвин ќе им биде претставен на членовите на Комитетот за надворешни работи (AFET) при Европскиот парламент. Потоа постојаните известувачи на AFET ќе подготват посебни резолуции за секоја земја, во кои ќе бидат содржани ставовите и препораките на Европскиот парламент за нивниот пат кон членство во Унијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…