Објавено на:

Косово ги повика граѓаните да избегнуваат патувањa во соседна Србија

t

Министерството за надворешни работи и министерството за внатрешни работи на Косово, ги повикаа сите граѓани да избегнат патување во Србија.

„Министерството за надворешни работи и дијаспора и Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека после настанатата ситуација на граничните премини со Србија и самоволно застанување на граѓаните на Косово на нив, сите сонародници и граѓани кои се во движење, да избегнуваат патување во Србија по секоја цена. МНР ги презема сите потребни работи и ќе ве извести околу нови детали“, стои во соопштението на МНР на „Фејсбук“, во кое соопштуваат дека оваа препорака доаѓа после случувањата на ГП Батровци помеѓу Хрватска и Србија неколку косовски автобуси биле спречени од српските гранични власти да влезат во земјата, а истото се случувало и на граничниот премин помеѓу Унгарија и Србија.

Тие ги предупредија граѓаните кои мора да патуваат, да ја следат ситауцијата.

„Се молат сите патници да ја следат напнатата безбедносна ситуација и ако е можно да не патуваат низ Србија. Со оглед дека во оптек се многу лажни вести кои имаат за цел ширење на страв и хаос, пратете ги известувањата од косовската полиција и од најновите официјални ажурирања во тој поглед“, стои во објавата.

Косовските власти сметаат дека ова е одмазничка акција на Србија, откако Косово доби препорака за членство во Советот на Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во сметот пронајдена омилената играчка на Данка

Помина повеќе од еден месец од исчезнувањето…

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите: Дачиќ…

Претседателот на СНС и мандатар на новата…

Русија загуби стратешки важен остров

Украина во неделата објави дека ја вратила…

Зеленски ептен скромен: На Украина и требаат…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на…

Блинкен: Се надевам дека Хамас ќе ја…

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во…