Кривична за обезбедувачот на Мицкоски кој физички си ја нападнал сопругата
Полицијата поднела кривична пријава против полициски службеник кој физички си ја нападнал сопругата, а за кого дел од меидумите објавија дека е член на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски.
„Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава по итна постапка против Р.Р. (39), вработен како полициски службеник во ОЗОЛО- ЕОПРСМ при Министерството за внатрешни работи, поради основано сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда” по член 130 став 2 од КЗ, односно затоа што на 02.05.2026 физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга. Р.Р. е лишен од слобода и изведен пред судија на претходна постапка, кој му одредил мерка притвор во траење од осум дена“, велат од МВР.
Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР против полицискиот службеник ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична за обезбедувачот на Мицкоски кој физички…
Полицијата поднела кривична пријава против полициски службеник…
Кривична за четири малолетнички за насилството врз…
МВР информира дека на 29. минатиот месец…
Укинат засилениот надзор за осомничениот за нападот…
Кол Томас Ален, осомничен за пукањето за…
Приведени седум лица за нападот на објект…
Приведени седум лица за обидот за опожарување…
Измама од туристичка агенција тешка 87 илјади…
Според информациите од полицијата, 34-годишна жена и…