Кривична против две лице и фирма: Незаконски копале минерални суровини и ја загадиле водата во Струга

t

Две лица и правно лице од струшко село Велешта се соочуваат со кривична пријава поради незаконска експлоатација на минерални суровини, која, според полицијата, довела до загадување на изворите од кои Струга се снабдува со вода за пиење.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Х.М. (50) и Н.К. (54), двајцата од Велешта, како и против правен субјект од истото село. Тие се сомничат за кривичните дела „узурпација на недвижности“, „незаконита експлоатација на минерални суровини“, „предизвикување опасност при градежни работи“ и „загадување вода за пиење“.

Според МВР, пријавените на повеќе катастарски парцели, меѓу кои и парцели во државна сопственост, вршеле незаконски ископ и експлоатација на минерални суровини без важечки договор за концесија.

Ископите биле изведувани во непосредна близина на изворите во струшкото село Шум, кои се користат за водоснабдување на Струга. Со активностите, како што наведува полицијата, дошло до директно загадување и заматување на водата за пиење, при што измерените вредности биле повеќе од 30 пати над дозволеното.

Поради загадувањето било предизвикано долготрајно прекинување на водоснабдувањето, а граѓаните биле предупредени да не ја користат водата ниту за пиење, ниту за лична хигиена и миење на рацете.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична против две лице и фирма: Незаконски…

Две лица и правно лице од струшко…

94 функционери казнети со по 300 евра…

Државната комисија за спречување на корупцијата на…

Португалија забрани носење бурка на јавни места,…

Португалија донесе закон со кој се забранува…

ВМРО-ДПМНЕ: Човекот кому му се запали модуларна…

Филипче се врати од Паљури, откако фатил…

Шпанија со црн рекорд: Недостигот на вода…

Шпанија регистрираше близу 4.500 смртни случаи поврзани…