Кризната состојба за снабдувањето со нафта продолжува до април 2027 година
Можните нарушувања во снабдувањето со нафта и нафтени деривати остануваат причина за продолжување на кризната состојба во земјава. Собранието денеска донесе одлука таа да биде продолжена за уште шест месеци, односно до 20 април 2027 година.
Одлуката беше донесена во рамки на 126 собраниска седница, на која пратениците одлучуваа и за други прашања од законодавната и безбедносната сфера.
На истата седница беа усвоени и Законот за државна ревизија, како и одлуката за испраќање припадници на Армијата на Република Македонија во меѓународната мисија „Алтеа“ во Босна и Херцеговина.
Собранието го избра и Александар Наумовски, професор на Економскиот факултет во Скопје, за надворешен комисионер во Комисијата за хартии од вредност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кризната состојба за снабдувањето со нафта продолжува…
Можните нарушувања во снабдувањето со нафта и…
Цената на нафтата падна по најавата на…
Цената на меѓународно референтната нафта „брент“ падна…
Цените на нафтата скокна на 106 долари
Цените на нафтата на меѓународните пазари пораснаа…
Саудиска Арабија откажува и одложува испораки на…
Саудиската државна компанија „Арамко“ откажа или одложи…
Цената на нафтата скокна над 100 долари…
Цената на суровата нафта „Брент“ во средата…