Објавено на:

Кумановец урнал куќа која била заштитено културно наследство, па изградил објект на државно земјиште

t

Педесет и двегодишник од Куманово ќе се гони кривично под сомнение дека урнал куќа која била дел од заштитено културно наследство и на државно земјиште изградил нов објект.

Кривична е поднесена и против градежна инспекторка која донела решение врз неточно утврдена фактичка состојба.

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Ф.(52) и Л.Т.(52), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство и природни реткости“, „бесправно градење“, „узурпација на недвижности“ и „несовесно работење во службата“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од МВР, првопријавениот, во 2023 година, срушил и уништил куќа- заштитен објект на културно наследство, на кој била поставена спомен плоча на народниот херој Киро Нацев Фетак, кој објект, согласно член 20 од Законот за меморијални споменици и спомен обележја е заведен во регистер на спомен обележја како заштитен објект на културно наследство и е заведен во програма за одбележување на значајни настани и личности  со спомен обележја во општина Куманово.

– На таа локација, првопријавениот, во својство на инвеститор на градба извршил градежни работи и изградил градба од втора категорија, без претходно одобрение за градење издадено од Сектор за урбанизам при општина Куманово, со што постапил спротивно на член 59 од Закон за градење, а објектот го изградил на земјиште сопственост на државата, појаснуваат од полицијата.

Според МВР, второпријавената како овластен градежен инспектор несовесно постапила во вршењето на своите должности и овластувања на начин што донела решение врз основа на нецелосна и неточно утврдена фактичка состојба, а која била должна да ја утврди согласно член 9 од Закон за инспекциски надзор во врска со член 2 а од Закон за градење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кумановец урнал куќа која била заштитено културно…

Педесет и двегодишник од Куманово ќе се…

Автомобил се преврте во двор на куќа…

Возило во кое се превезувале возач и…

(Видео) Во Куманово се одржа собир за…

Голем број граѓани денеска се собраа во…

(Видео) Авион се урна врз куќа во…

Тешка авионска несреќа се случила вчера во…

Во март се издадени 26,6 отсто помалку…

Градежната активност во земјава во март 2026…