Ленче Ристоска повеќе не е обвинител: Советот на јавни обвинители ја констатираше оставката

t

Советот на јавните обвинители на денешната седница го усвои барањето на Ленче Ристоска за престанок на функцијата јавен обвинител во ОЈО Скопје. Претседателот на Советот, Башким Бесими, информираше дека Ристоска на 2 април годинава поднела барање за престанок на функцијата јавен обвинител по сопствено барање.

„Овде нема расправа, констатирам дека е усвоено барањето за престанок на функцијата на Ленче Ристоска“, изјави Бесими.

По седницата, Бесими на прашањето како ги коментира причините за оставката на Ристоска рече дека нема да даде коментар за причините, бидејќи во согласност со законот Советот само констатира престанок на функцијата.

„Тоа е нејзина одлука. Ние само констатираме оставка. Не коментирам изјави на колешката… Во согласност со законот, има право, во секое време, секој обвинител да поднесе барање за повлекување, ние само констатираме“, изјави Бесими.

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе оставка од функцијата јавен обвинител откако новиот републички јавен обвинител Ненад Савески ја тргна од предметите „Талир 1“ и „Талир 2“ што ги водеше против актуелната владејачка ВМРО-ДПМНЕ. Пред тоа, Советот на јавни обвинители ја отфрли претставката на Ристоска во која таа се жалеше од политички притисоци од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ленче Ристоска повеќе не е обвинител: Советот…

Советот на јавните обвинители на денешната седница…

Советот на јавни обвинители утре ќе ја…

Денеска е последниот работен ден на Ленче…

ОЈО бара притвор за битолчанецот осомничен за…

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за…

Савески: Жалам за оставката на Ристоска, сите…

Во принцип не сакам да коментирам лични…

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе оставка

Обвинителката Ленче Ристоска која беше кандидат за…