Лефков: Национален дата центар е и обврска од реформската агенда, сега Филипче се противи и на европски проекти
СДС и Венко Филипче секојдневно критикуваат кога е во прашање развој на индустријата поврзана со дата центри. Индустрија која е иднина, индустрија која се развива во светот, но Филипче од само нему познати причини се противи – рече Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.
Во оваа прилика да му објасниме и на Филипче и на неговиот другар Зоран Заев кој се уште очигледно му дава насоки за работа.
Македонија веќе има дата центар во Прилеп. Но, тој не е основен, туку секундарен што значи во случај на евентуален сајбер напад на системот на поединечна институција, таму се чуваат податоците кај секундарниот. Сега секоја институција наоѓа начин како ќе ги чува своите податоци. Затоа на Македонија и треба основен, примарен, национален дата систем за чување на сите податоци од сите институции.
Македонија како држава има проект во делот на реформската агенда со ЕУ за изградба на национален дата центар. Притоа ЕУ обезбедува финансии и финансиска помош, а Македонија има обврска да изгради основен, примарен национален дата центар.
Ова е начин да се заштитат податоците на државните институции од евентуални сајбер напади, односно податоците да бидат сигурни.
Ова е тоа за што СДС се противи, а само да потсетиме во време на нивната влада имаше напад на системот на ФЗО и граѓаните не можеа да ги остварат своите права, не можеше да се исплаќа породилно, да се прави поврат на средства за лекови и слично.
Оттука евидентно е дека СДС се противи на развој на индустрија која значи заштита на лични податоци на секој поединец, заштита на државни податоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лефков: Национален дата центар е и обврска…
СДС и Венко Филипче секојдневно критикуваат кога…
Лефков: СДС знае само за „марихуана Македонија“,…
Венко Филипче и СДС напаѓаат се што…
ВМРО-ДПМНЕ: За СДСМ и Филипче секоја нова…
Венко Филипче и СДС повторно се обидуваат…
ВМРО-ДПМНЕ: Платите за 23 месеци пораснаа за…
Економските резултати најдобро се мерат преку конкретни…
Лефков: Филипче продолжува со хистеричната серија овој…
Венко Филипче и неговото СДС координирано од…