Лефков: Филипче продолжува со хистеричната серија овој пат за дата центри
Венко Филипче и неговото СДС координирано од Зоран Заев, и во врска со идејата за дата центри, или центри за податоци, во Македонија, покажуваат дека воопшто не мислат за државата, нејзиниот развој што носи придобивки и за граѓаните, изјави Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче повторно излезе јавно со низа на критики и сомнежи во врска со евентуална изградба на дата центри во Македонија.
Едноставно кажано, Филипче и за оваа тема почна да шири невистини, паника или хистерија во јавноста. Наводно дата центрите биле закана за водните ресурси во државава, дека ќе има енормна потрошувачка на струја како да не слушнал за обновливи извори на струја и слично.
И овој пат очигледно Филипче стана нервозен и застана контра дата центрите веројатно затоа што не помина иницијативата во Пехчево на нивниот човек, негов и на Заев, инаку поранешен пратеник од СДС“, потенцира тој и додаде.
„Филипче може да биде мирен кога станува збор за државата и ресурсите во Македонија. Надлежните деновиве јасно кажаа дека се прави се за Македонија да биде модерна, богата современа држава, а притоа да не се наруши ниту околината ниту животот на граѓаните“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…
СДС никако да престане со умисла да…
ВМРО-ДПМНЕ: Во куќата на Заев во Грција…
„Во куќата на Зоран Заев во Грција…
Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…
Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…
„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…