Лишен од слобода 15-годишник од тетовско поради закани дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во тетовско средно училиште

t

Вчера (13.03.2026) околу 13:55 часот во с. Џепчиште, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово, постапувајќи по судска наредба, извршија претрес во дом и помошни простории кај Б.М. (44) од с. Џепчиште.

При претресот биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. За време на претресот присуствувале и претставници од Центарот за социјални работи Тетово.

Во врска со случајот, лишен од слобода е неговиот 15-годишен син, поради сомнение дека испраќал закани дека ќе постави експлозивна направа и ќе изврши напад во средно училиште во Тетово.

По целосно документирање и расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лишен од слобода 15-годишник од тетовско поради…

Вчера (13.03.2026) околу 13:55 часот во с.…

Тинејџер од Тетово уапсен за терористички закани…

Полицијата уапси 18-годишник кој испраќал закани дека…

56.000 евра штета од ресторан, спа, фитнес…

Екипата на Електродистрибуција откри тешка кражба на…

Трагедија во Тетово: Во пожар во куќа…

На 11.03.2026 во 08:56 часот во СВР…

15-годишна насилничка од Тетовско натепала жена, па…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 15-годишно…