56.000 евра штета од ресторан, спа, фитнес и салон за убавина во Тетово кои краделе струја од тајна шахта
Екипата на Електродистрибуција откри тешка кражба на електрична енергија во станбено-деловен објект на ул. „Браќа Миладинови“ во Тетово, кој функционира како ресторан, спа центар, фитнес и салон за убавина.
Според соопштението на компанијата, контролите откриле дека во објектот била поставена специјално изработена тајна подземна шахта која овозможувала противправно користење на електрична енергија. Дополнително, констатирано е директно неовластено приклучување на нисконапонски кабелски вод.
По утврдувањето на неправилностите, тимот за откривање на неовластено користење презел повеќе мерки: составен е Записник за случајот, поднесена е Пријава до МВР според член 235-а од Кривичниот законик за неовластено преземање на електрична енергија, а изготвена е и фактура за надомест на штета во износ од 3.459.428 денари, што претставува над 56.000 евра.
Од Електродистрибуција посочуваат дека ваквите активности се дел од редовните контроли со цел заштита на потрошувачите и справување со кражбите на електрична енергија објави Скопје1.мк.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жена тешко повредена во Тетово, паднала додека…
Денеска во СВР Тетово е пријавено дека…
Училиштата во Тетово повторно мета на лажни…
Лажни дојави за бомби повторно ги вознемирија…
Хаос во Тетово: насилник ѝ се заканувал…
Пресметка меѓу повеќе членови на две семејства…
Маж од Тетовско две години ѝ барал…
Маж од Тетовско две одини ја уценувал…
Му побарале уплата на шалтер, тој го…
Инцидент се случил во Клиничката болница во…