Лишени од слобода крадци од Скопје

t

По преземени оперативни мерки и активности од страна на полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар, на 25.11.2022 лишени од слобода биле Џ.М.(18) и Д.М.(20) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека истиот ден на Кеј „Димитар Влахов“ во Скопје извршиле разбојничка кражба врз С.Б.(26) и му одзеле пари, соопшти Министерството за внатрешни работи.

По лишувањето од слобода, како што информираат од МВР, кај нив бил пронајден нож на преклопување, како и пари во различни апоени, а кои што потекнувале од извршеното кривично дело.

По насоки на надлежен обвинител од ОЈО Скопје од страна на оштетениот и уште едно лице сведок било извршено препознавање, а по целосно документирање на случајот против осомничените ќе биде поднесена кривична пријава по член 238 од Кривичниот законик, потенцираат од МВР

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешка сообраќајна несреќа утрово во Скопје, целосно…

Тешка сообраќајка незгода во која учествуваа две…

Завршен народен собир на политичката партија Левица…

Завршен народен собир на политичката партија Левица…

ДИВ ЗАПАД: Скопјанец грабнат, претепан, прободен со…

Вчера во 07.40 часот во Полициската станица…

КРИВИЧНА ПРИЈАВА за поранешниот градоначалник на Ѓорче…

Одделот за криминалистичка полиција спроведе предистражни дејствија…