Македонија пред големо енергетско поврзување со регионот

t

Македонија во првата половина на 2027 година треба да го пушти во употреба гасниот интерконектор со Грција, додека северното поврзување кон Србија се очекува да биде целосно функционално до крајот на 2028 година.

Премиерот Христијан Мицкоски, на презентацијата на новиот извештај на Светската банка за Македонија, изјави дека изградбата на јужниот интерконектор е значително забрзана.

„Очекувам некаде во првата половина на следната година истиот да биде синхронизиран и пуштен во употреба“, рече Мицкоски.

Паралелно се работи и на северниот интерконектор, кој треба да овозможи гасното поврзување по Коридорот 10 да продолжи кон Централна Европа.

„За северниот интерконектор очекувам да биде целосно синхронизиран на целата територија кај нас до крајот на 2028 година, со што гасниот терминал во Александруполис можеме да го поврземе со Централна Европа“, изјави премиерот.

Според неговите процени, со зголемување на притисокот капацитетот на системот би можел да достигне меѓу 4,5 и шест милијарди кубни метри гас годишно, што би ѝ овозможило на Македонија да стане транзитна земја и да остварува дополнителни приходи.

Изградбата на интерконекторот со Грција веќе е во напредна фаза. Министерката за енергетика Сања Божиновска информираше дека се заварени 30 од вкупно 67 километри од трасата.

Интерконекторот треба да има почетен капацитет од 1,5 милијарди кубни метри годишно и да овозможи пристап до нови извори на снабдување, вклучително и до инфраструктурата за течен природен гас во Грција.

Паралелно, Македонија и Бугарија разговараат и за дополнително електроенергетско поврзување. Во рамките на Иницијативата Исток–Запад се предвидува нова интерконекција меѓу електропреносните системи на двете земји, како и идни надградби на постојната врска меѓу Македонија и Грција.

Целта е зголемување на преносните капацитети и поголема прекугранична размена на електрична енергија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија пред големо енергетско поврзување со регионот

Македонија во првата половина на 2027 година…

Волково добива нов климатски отпорен парк: Просторот…

Општина Ѓорче Петров е домаќин на дводневен…

По 11 години застој, Охрид ќе го…

По речиси 11 години од почетокот на…

МПЦ-ОА се спротивстави на кратење на неработните…

Македонската православна црква – Охридска архиепископија се…

Ѓоковиќ ја освои 102. титула во кариерата…

Новак Ѓоковиќ ја освои 102. АТП титула…