Македонската кошаркарска репрезентација ја победи Бугарија во пријателски меч
Македонската кошаркарска репрезентација оствари победа над Бугарија со конечни 91-87 во пријателскиот натпревар одигран во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје.
Избраниците на Жозеп Мариа Берокал одиграа далеку подобар меч од оној пред неколку дена во Бугарија.
Двете селекции одиграа прилично тврд и неизвесен меч.
На паузата резултатот гласеше 45-43, а потоа ривалот ја доби третата четвртина, но Македонија заигра подобро во последните десет минути.
На шеесетина секунди до крајот, нашите кошаркари имаа +4 (83-79), а на крајот триумфираа со конечен резултат 91-87.
Најдобри поединци кај Македонија беа Стјуарт Џуниор со 26 поени и Виктор Ефремовски, кој додаде уште дванаесет, додека во редовите на бугарската репрезентација, по 19 поени постигнаа Младенов и Алипиев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонската кошаркарска репрезентација ја победи Бугарија во…
Македонската кошаркарска репрезентација оствари победа над Бугарија…
Мицкоски за инвестициите во дата центри: Ние…
Се обидуваме да ја развиваме државата, да…
Македонскиот каратист Вукашин Јовановиќ е светски универзитетски…
Вукашин Јовановиќ донесе злато за Македонија на…
Почина Срцка — легендата на скопските спортски…
Македонскиот спорт денес загуби една од своите…
Димитровски: И да го смениме Уставот поради…
Заменик-министерот за надворешни работи, Зоран Димитровски, во…