Македонски државјанин приведен во Загреб по инцидент за време на лет

t

Македонски државјанин бил приведен по слетувањето на меѓународен лет во Загреб, откако 15-годишно девојче кое патувало само побарало помош од кабинскиот персонал и пријавило несоодветно однесување од патникот што седел до неа.

Како што објави хрватски „Јутарњи лист“, девојчето во еден момент ја повикало стјуардесата и ја замолило да погледне нешто на нејзиниот мобилен телефон. На екранот имало порака во која напишала дека многу се плаши од човекот што седел до неа и побарала помош.

Стјуардесата реагирала дискретно. Под изговор дека ќе ѝ покаже каде се наоѓа тоалетот, ја одвоила девојката од нејзиното седиште и ја одвела до пилотската кабина. Таму 15-годишната патничка му раскажала на екипажот дека постариот маж кој седел до неа почнал несоодветно да ја допира уште додека авионот бил на пистата и се подготвувал за полетување. Според нејзиниот исказ, тој притоа се однесувал како да ѝ помага да го намести безбедносниот појас.

Екипажот веднаш го известил контролниот центар на аеродромот во Загреб, по што информацијата била проследена до полицијата. Кога авионот слетал на аеродромот „Фрањо Туѓман“, полицајци го пречекале 65-годишниот македонски државјанин при излегувањето од авионот.

По разговорот со полицијата била започната криминалистичка истрага. Мажот потоа бил спроведен во надлежното државно обвинителство, а случајот стигнал и пред судија на истрага, кој му определил истражен притвор. Тој бил префрлен во затворот Реметинец во Загреб.

На сослушувањето Македонецот ги отфрлил обвинувањата. Според „Јутарњи лист“, тој изјавил дека не ја допирал девојката на несоодветен начин и дека само ѝ го подал безбедносниот појас за да може да се врзе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грчки остров ќе им дава по 3.000…

Општина Нисирос ќе им исплаќа еднократна помош…

ЕЦБ повторно ги крева каматите: Инвеститорите стравуваат…

Европската централна банка (ЕЦБ) се подготвува за…

Бројот на заболени од западно-нилска треска се…

Во Македонија досега се регистрирани 58 случаи…

Американскиот врв загрижен: Војната со Иран би…

Високи функционери на Белата куќа, вклучувајќи го…

8 муслимански држави, меѓу нив и ОАЕ,…

Група од осум држави со муслиманско мнозинство,…