Македонци во Грција добиваат полициски повици за да дадат исказ
Македонското движење за промоција на мајчиниот јазик „Крсте Мисирков“ објави дека во последните денови Македонци добиваат повици од полицијата за да дадат исказ во рамките на истрага за наводно кривично дело.
„Во изминатите денови, некои Македонци добиваат полициски повици за да дадат исказ во рамките на истрагата по повод претставка поднесена од еден граѓанин против Македонци. Станува збор за колективна претставка која опфаќа 15 поединци и 2 организации. Доколку сте добиле повик, ве молиме известете нè преку пораките на фејсбук-страницата на непрофитната организација“, се наведува во објавата на движењето.
Од „Крсте Мисирков“ додаваат дека станува збор за пријава поднесена од двајца грчки државјани и најавуваат заедничка реакција.
„Одлучно и колективно ќе одговориме на какви било самоволни постапки или обиди за заплашување на Македонците кои јавно зборуваат и пеат на македонски јазик! Откако ќе заврши претходната истрага, јавниот обвинител ќе го разгледа предметот и ќе одлучи дали да поведе формална кривична постапка, упатувајќи го предметот на судење или на формална судска истрага, или да го архивира предметот доколку утврди дека нема доволно докази за сторени кривични дела“, наведуваат од движењето.
Во објавата не е наведено конкретно за кои песни или за кој настан се однесува истрагата. Сепак, самото движење во својата реакција го поврзува случајот со Македонци кои „јавно зборуваат и пеат на македонски јазик“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонци во Грција добиваат полициски повици за…
Македонското движење за промоција на мајчиниот јазик…
Петрова-Чамова по средбата со Муцунски: Најдобрата гаранција…
Бугарија ја поддржува европската перспектива на Македонија,…
Британија и Германија создаваат заеднички механизам против…
Британија и Германија најавија ново безбедносно партнерство…
Европа под финансиски притисок: Стравувањата за францускиот…
Нов бран продажба на европските државни обврзници…
Почина жената чие иселување ја крена Шпанија…
Марија дел Кармен Абаскал, 87-годишната жена чие…