Макрон разговарал со Трамп и Пезешкијан, побарал да се смират тензиите и да продолжат разговорите
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан и ги повикал двајцата лидери да ги продолжат разговорите и да спречат понатамошно ескалирање на тензиите.
„Вчера разговарав со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, како и со американскиот претседател Доналд Трамп. Повикав на продолжување на разговорите што беа прекинати во Исламабад, за разјаснување на недоразбирањата и за избегнување на нови фази на ескалација“, напиша Макрон на платформата X.
Тој нагласи дека е потребно прекинот на огнот строго да се почитува и да го вклучи Либан, со цел да се избегне ширење на конфликтот во регионот.
„Особено е потребно сите страни строго да го почитуваат прекинот на огнот, а тоа го вклучува и Либан. Подеднакво е важно што поскоро безусловно да се отвори Ормускиот Теснец, без контроли или патарини“, додава францускиот претседател.
Според него, доколку се исполнат овие услови, преговорите би можеле брзо да продолжат со учество на клучните меѓународни актери.
Макрон, исто така, објави дека Франција и Обединетото Кралство ќе бидат домаќини на конференција во Париз во петок, на која ќе се соберат земји кои не се директно вклучени во конфликтот и кои се подготвени да придонесат во мултилатерална, исклучиво одбранбена мисија за обезбедување слобода на пловидба во Ормускиот Теснец, кога безбедносните услови ќе дозволат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макрон разговарал со Трамп и Пезешкијан, побарал…
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека разговарал…
(Видео) Кревко примирје: Без војна но и…
Неколку часа по воведувањето на блокадата, и…
ЕУ реагира: Не е јасно што точно…
Европската Унија не поддржува никакви мерки што…
Венс за контроверзната слика на Трамп: Луѓето…
Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс вели…
Венс: Поразот на Орбан е многу, многу…
Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс вчера изјави дека…