Макрон ќе се сретне во понеделник во Лондон со Зеленски и европските лидери

t

Францускиот претседател Емануел Макрон објави дека во понеделник, 8 декември, ќе отпатува за Лондон, каде што ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а во разговорите ќе учествуваат британскиот премиер Кир Стармер, како и германскиот канцелар Фридрих Мерц, пренесува Фигаро.

Целта на состанокот е да се „разгледа моменталната состојба и преговорите во рамките на иницијативата за посредништво на САД“ за прекин на војната во Украина.

„Русија прибегнува кон сè поагресивен пристап и не покажува подготвеност за мир“, рече Макрон и остро ги осуди масовните напади на Русија врз Украина, особено врз енергетската и железничката инфраструктура.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон ќе се сретне во понеделник во…

Францускиот претседател Емануел Макрон објави дека во…

Лавров ги обвини Лондон и британските медиуми…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

Мицкоски заедно со четворица министри денеска во…

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски заедно со…

Милановиќ: Лидерите во Европа не се дораснати…

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави во Њујорк…

Зеленски ќе се сретне со Трамп за…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека…