Објавено на:

Лавров ги обвини Лондон и британските медиуми за водење кампања против Русија

t

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес ги обвини Лондон и британските медиуми за започнување информативна кампања против Русија, посочувајќи го скандалот со оставката на генералниот директор на британскиот јавен сервис Би-Би-Си и „штетното известување“ на Фајненшл тајмс (FT) за контактите меѓу руското и американското министерство за надворешни работи.

„Сакам да го привлечам вниманието кон новите факти за непрофесионално и, би рекол, штетно известување од страна на некои медиуми, првенствено британски. Она што моментално се случува во Би-Би-Си е добро познато.

Обидите на некои да го оправдаат тоа и да зборуваат за насочена кампања, тоа е срамота“, рече Лавров во интервју за руски медиуми, вклучувајќи ја и ТАСС.

Претходно, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, го критикуваше непрофесионализмот на британските медиуми, наведувајќи дека Би-Би-Си „измислила“ извештаи за настаните во Буча.

Таа го оцени објавувањето на „Фајненшл тајмс“ за средбата меѓу Лавров и американскиот државен секретар Марко Рубио како дел од информативна кампања против Русија, насочена кон попречување на решавањето на конфликтот во Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…

Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…

Кина потврди дека се водат разговори за…