Манасиевски: За кубење коса 4 години, за 150 ќебапи 3 години, а за Ласкарци, Модуларна и Мазут, одговорност нема

t

Ова се двојните аршини на мал дел од македонското правосудство раководено директно од СДС и ДУИ. За кубење на коса, се добива 4 години затвор. За кражба на 150 ќебапи, се добиваат 3 години затвор.

А за случајот Ласкарци, каде загинаа 16 луѓе, за случајот со модуларната болница, каде загинаа 14 луѓе или пак за случајот Мазут, вреден 167 милиони евра, имаме нула години затвор и нула одговорност, рече Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.

За обичниот граѓанин важи законот, а кога ќе се стигне до луѓето и интересите поврзани со СДС и ДУИ, нивните инсталации во правосудството, веднаш се ставаат во нивна заштита.

Тоа е правдата што ја оставија и ветуваа СДС и ДУИ.

Затоа граѓаните немаат доверба во правосудството.

Не може за ќебапи да има три години затвор, а за случаи со десетици изгубени човечки животи, граѓаните со години да чекаат конечна правда и истата да не ја дочекаат.

Правосудството не смее да биде штит на СДС и на ДУИ. Законот мора да важи еднакво за сите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Манасиевски: За кубење коса 4 години, за…

Ова се двојните аршини на мал дел…

ВЛЕН: Случајот Ласкарци е симбол на неуспехот…

Седум години по трагедијата кај Ласкарци, семејствата…

Двегодишно дете затруено со лекови, хоспитализирано во…

Двегодишно дете од кумановско село било донесено…

Бебе од Куманово заврши во болница по…

Четиринаесетмесечно дете од Куманово било хоспитализирано откако…

Малолетник со мотор удрил во 74 годишна…

На 02.06.2026 во 11:00 часот во ОВР…