Објавено на:

Манасиевски: На СДСМ и Филипче најблиски им се проруските бизнисмени Онишченко, Борче Марковски и Дака

t

СДС и Венко Филипче упорно се трудат да се претстават како проевропска опција, додека најблиски им се проруските бизнисмени како Онишченко, Борче Марковски и Миодраг Давидовиќ Дака. Во времето на владеењето на менторот на Филипче, Зоран Заев, овие проруски бизнисмени добиваа тендери, плацеви, па дури и државјанства само поради соработката и блискоста со Зоран Заев, вели членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.

„СДС и Филипче се проевропски ориентирани само на хартија, а во реалноста се сосема поинакви. Доказ за тоа е злоупотребата на Европското знаменце во Собранието кога тие беа на власт, за што добивавме негативни извештаи од Брисел. Кога СДС и Филипче говорат за Европа, се потсетуваме на нивните ветувања за бесплатно здравство, квалитетно образование и повисоки плати. А од сето ова добивме фотографија од авион на чиј лет ни беше ветен датумот за влез во ЕУ“, рече Манасиевски.

Според него, СДСМ и лидерот на опозициската партија се антипод на Европа.

„СДС и Филипче се антипод на Европа. Тие се партија која е полна со корупција и криминал. ВМРО-ДПМНЕ е партијата која на достоинствен, чесен и исправен начин ќе ја внесе Македонија во ЕУ“, посочува Манасиевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Манасиевски: На СДСМ и Филипче најблиски им…

СДС и Венко Филипче упорно се трудат…

Кузеска: Груевски од Унгарија наведува што треба…

Никола Груевски, осудениот криминалец во бегство, повторно…

СДСМ: Мицкоски сака да го апси Груевски

Соопштение за јавност По одлуката да ги…

Левица: Родител на малолетничката која го предводеше…

Иако Општина Ѓорче Петров со денови е…

СДСМ: ВМРО си формираа „свој синдикат“ во…

Соопштение за јавност Независниот синдикат на професионални…