Маричиќ: 20 години од големото проширување на ЕУ, ние треба да сме во следното

t

„Денес ЕУ го прославува 20-годишниот јубилеј на големото проширување на ЕУ. На 1 мај 2004 година, граѓаните на овие земји станаа граѓани на ЕУ. Во текот на последните две децении, забележаа пораст и значителен развој. Реалните плати се удвоиле од 2004 до 2023 година во овие десет земји, додека нивото на сиромаштија драстично се намалило“, напиша Вицепремиерот Бојан Маричиќ во своја објава на Фејсбук.

Тој додаде дека земјите од 27-члената ЕУ ги засилиле своите врски преку модерна инфраструктура, поттикната од инвестициите и фондовите на ЕУ и забележале многу случаи за време на природни катастрофи или медицински кризи, бидејќи земјите на ЕУ се обединети да се поддржуваат една со друга.

„Мотото на ЕУ е ПОСИЛНИ ЗАЕДНО! Посилни заедно во ЕУ може да бидеме и ние со полноправното членство до 2030 година! Нашата определба за развој и просперитет во рамки на најмоќната унија на современиот свет е принцип и приоритет. Со желба да бидеме дел од следниот бран на проширување на ЕУ, да ги создадеме најголемите чекори и одлуки во име на создавање подобри услови за нашите млади и поколенија“ потенцираше Маричиќ.

Тој заклучи дека раката ни е подадена, од нас зависи дали ќе одиме кон забрзан напредок на државата или кон уназадување на целото општество и дека нема да се откажеме од нашата иднина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Амбасадорите на ЕУ се согласија да забранат…

Амбасадорите на Европската унија се согласија да…

Евидентиран трговски дефицит од 29 милијарди евра…

Во 2023 година, вкупната вредност на трговијата…

ЕУ ја продолжи трговската поддршка за Украина…

Советот на ЕУ конечно го одобри продолжувањето…

Фон дер Лајен: Патот на Македонија кон…

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер…

Грчкиот МНР: Патот на Македонија кон ЕУ…

Во однос на Македонија, повеќепати нагласив дека…