Марк Карни vs Црвенковски, Георгиевски, Груевски, Заев, Мицкоски – Немојте да се чудите зошто Канада е таму каде што е!
Објава на Фејсбук на Милош Милошевски:
Ова е Марк Карни.
Карни има дипломирано на Харвард економија во 1987-ма. Во 1993 магистрира економија на Харвард, а во 1995 години докторира економија на Оксфорд.
Првото негово работно место е во Голдман Сакс една од најпознатите банки во САД. Години подоцна во 2003 станува заменик гувернер на Централната банка на Канада за година дена подоцна да прифати нова позиција и да стане заменик министер за финансии на Канада.
Во 2008 станува гувернер на Централната банка на Канада која ја води до 2013-та година. Поради успеншните политики за време на големата финансиска криза во 2011-та година е поставен за претседател на Бордот за финансиска стабилност на Канада кој го води до 2018-та година.
Карни во 2013 година е избран за гувернер на Банката на Англија каде раководи со британската фунта за време на Брегзит и Ковид кризата се до 2020-та година. Тој е првиот не – британски државјанин поставен на оваа позиција.
Карни потоа раководи со реномираниот Блумберг, копретседава со Светска Банка,а специјалност му се инвестициите. Потоа работи за Обединети Нации каде е специјален пратеник за климатски промени и економија. Во меѓувреме го советува за економски прашања канадаскиот премиер Џастин Трудо.
На 9-ти март 2025 година на 59 години станува премиер на Канада.
Бранко Црвенковски стана премиер на Македонија на 30 години од позиција директор на Семос.
Љубчо Георгиевски на 32 години со никакво претходно работно искуство.
Никола Груевски на 36 години веројатно со најсериозна биографија во споредба со неговите претходници.
Зоран Заев станува премиер на 43 години, претходно работел во семејната фирма и бил претседател на управен одбор на Комуналното претпријатие во Струмица.
Христијан Мицкоски доаѓа како највозрасен на премиерската позиција на 47 години како професор и доктор на Машински факултет, за неговата работа во приватниот сектор јавноста има многу малку информации.
Немојте после да се чудите зошто Кандата е таму каде што е.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Марк Карни vs Црвенковски, Георгиевски, Груевски, Заев,…
Објава на Фејсбук на Милош Милошевски: Ова…
(Во живо) Пешевски: Генерален штрајк во приватен…
Секој ден ќе бидеме пред Влада додека…
Карни: Канада нема намера да склучува договор…
Канада ги почитува своите обврски кои ги…
Трамп: Канада системски се самоуништува, договорот со…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Канада…
Трамп ѝ се закани на Канада со…
Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник изјави…