МВР објави нови информации за крвавиот инцидент во Старата чаршија: Младиот Турчин починал веднаш по нападот
Министерството за внатрешни работи излезе со официјални детали за тешкиот инцидент што ја вознемири јавноста во првите часови од Новата 2026 година во Старата скопска чаршија, при кој едно лице го загуби животот, а друго заврши со сериозни повреди.
Според соопштението на МВР, на 1 јануари околу 01:11 часот во СВР Скопје била пријавена физичка пресметка пред угостителски објект, во која биле користени остри предмети. Полициските екипи веднаш интервенирале и на местото затекнале две лица со тешки повреди.
Станува збор за 22-годишниот А.М.Д. и 23-годишниот Ч.Е., двајцата државјани на Турција. Лекар од Итната медицинска помош во 01:30 часот констатирал дека А.М.Д. им подлегнал на повредите и починал на самото место, додека второто лице било итно пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му е укажана лекарска помош.
За случајот веднаш бил известен јавен обвинител, а од Министерството информираат дека се преземаат засилени истражни мерки со цел целосно расветлување на настанот, утврдување на мотивите и идентификување на сите инволвирани лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР објави нови информации за крвавиот инцидент…
Министерството за внатрешни работи излезе со официјални…
Хорор: Двегодишното дете било погодено со залутан…
Скопје Инфо дознава нови детали за тешкиот…
По трагичната несреќа во Швајцарија, Македонија подготвена…
Министерот за надворешни работи и трговија Тимчо…
Декоративни свеќи можна причина за катастрофалниот пожар…
Декоративни свеќи поставени блиску до плафонот на…
Трамп ја дочека 2026 година во Мар-а-Лаго…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја дочека Новата…