Хорор: Двегодишното дете било погодено со залутан куршум додека гледало огномет?!

t

Скопје Инфо дознава нови детали за тешкиот инцидент во кој двегодишно дете беше тешко повредено за време на новогодишната ноќ.

Според информации до кои дојдовме, детето се наоѓало со својата мајка надвор, каде што се гледал огнометот. Во еден момент, додека мајката го држела во раце, детето било погодено од метален проектил, најверојатно залутан куршум, по што веднаш било пренесено во болница.

Првично било однесено во Градската болница, а поради сериозноста на повредите било итно префрлено на Клиниката за детска хирургија. Лекарите констатирале крварење во мозокот, при што зафатени се сите мозочни комори. Детето се наоѓа во тешка и животозагрозувачка состојба и е под постојан лекарски надзор.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, претходно информираше дека станува збор за еден од најсериозните инциденти во новогодишната ноќ, нагласувајќи дека повредата е предизвикана од метален фрагмент, а точните околности сè уште се утврдуваат.

„Станува збор за тешка телесна повреда кај дете од две години. Има повеќе теории за начинот на настанување на повредата и истрагата е во тек. Штом ќе се утврдат сите факти, јавноста ќе биде информирана“, изјави Тошковски.

Од МВР потврдуваат дека случајот се истражува, а се прибираат информации за евентуална неовластена употреба на огнено оружје за време на новогодишната прослава.

Извор: Скопје Инфо

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: ЕК ослободила 142,1 милиони евра преку…

Европската комисија до јуни ослободила 142,1 милиони…

Насилник од Дебар узурпирал државен објект, со…

52-годишен жител на Дебар доби кривична пријава…

Левица не ја поддржа изградбата на две…

Советниците од политичката партија Левица на денешната…

Рокас: ЕУ ги препознава напорите на Македонија…

Европската Унија ја препознава посветеноста и напорите…

Акција на МВР со ДЕА: Запленети над…

Крим полиција уште еднаш ја потврдува својата…