Мексикански пратеник е пронајден застрелан во својата кола
Пратеник од владејачката партија Морена во Мексико вчера беше пронајден мртов со прострелна рана во сојузната држава Веракруз, објави „Ројтерс“.
Сениазен Ескобар беше пронајден мртов во својот автомобил со најмалку една прострелна рана. Тој беше федерален пратеник и го претставуваше Веракруз, каде се наоѓаат дел од нафтените постројки на Мексико.
Државната обвинителка Лисбет Хименес изјави дека истрагата е во тек, без да даде повеќе детали. На автомобилот на пратеникот немало видливи знаци на насилство.
Долниот дом на мексиканскиот Конгрес изрази сочувство до семејството и до пријателите на Ескобар и побара од надлежните да спроведат темелна истрага.
Убиството се случи помалку од една година пред локалните и федералните избори во Мексико. На претходните избори во различни делови на земјата имало случаи на насилство поврзани со организираниот криминал. Криминалните групи се обидуваат да влијаат врз политичарите и да ја зајакнат контролата врз одредени области.
Според организацијата за човекови права „Дата Сивика“, само во јули биле регистрирани најмалку 30 случаи на „политичко-криминално насилство“ во 11 сојузни држави во Мексико. Во 14 од случаите имало убиства.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мексикански пратеник е пронајден застрелан во својата…
Пратеник од владејачката партија Морена во Мексико…
Шестмина ранети во експлозија на автомобил-бомба пред…
Автомобил-бомба експлодирала синоќа вечерта пред во полициска…
Пет тела обесени на мост во Мексико,…
Десетмина мажи кои биле киднапирани се пронајдени…
(Видео) Откриен тунел за трговија со дрога…
На границата меѓу американската држава Калифорнија и…
САД најавуваат нови царини кон Канада и…
Портпаролот за трговија на САД, Џејмисон Грир,…