Митровски во Топ Тема: Ова ќе биде процес којшто прилично ќе трае во години- со листи на докази излегуваат и сите адвокати

t

Почна судењето за несреќата во т.н. кабаре “Пулс”. Кои се очекувањата на јавноста, а кои процесните предизвици ? Ефикасна правда или долг и неизвесен процес?

Дали власта ги напушта сите постулати за реформи во судството што сама ги постави?

Во Топ Тема Боби Христов дебатира со адвокатите Драган Малиновски и Јанаки Митровски и Васко Меглешов, новинар.

Пред се е судот на тест од причина што од организационен аспект судењето е предизвик. Исто така и од квантитативен аспект е предизвик да се менаџира но, фер е да се каже за пошироката јавност особено на семејствата на загинатите дека ова ќе биде процес којшто прилично ќе трае, значи во години се мери колку ќе трае во прв степен, колку и да е оптимист претседателот на совет, но не се согласувам со тоа дека ќе трае пет месеци најдолго затоа што самиот обем на доказниот материјал, самиот број на обвинети, број на оштетени, да не заборавиме дека со листи на докази излегуваат и сите адвокати, како и законската одредба за којашто е најавено дека ќе има измени, имено дека после 90 дена ако има рочишта а не се отвори главна расправа, судењето може да почне од почеток, тогаш може да се очекува дека ова ќе биде маратонски процес но, тоа не е главниот проблем. Можеби ќе звучам грубо за пошироката јавност, факт е дека преовладуваат емоциите, а судницата не е место за емоции. Во таа насока првпат го гледам и воведниот говор на колегата обвинител и сметам дека е малку невообичаен, затоа што во принцип во воведни зборови се кажува на кои докази ќе се заснова обвинението, што од нив ќе произлезе, а ова е помалку или повеќе воведен говор за јавност. Коримпираниот систем не е од вчера ќе видиме како ќе се довива судењето и обвинението за полициските службеници, коиу мисла дека се уште се во фаза на истрага, истакна адвокатот Јанаки Митровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Митровски во Топ Тема: Ова ќе биде…

Почна судењето за несреќата во т.н. кабаре…

Несреќа на патот Валандово–Дојран: Еден загинат ,…

ешка сообраќајна несреќа се случила утрово на…

Коцевски за изјавата на Мицкоски: Тоа е…

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски вечерва изјави…

Поплави, одрони, вирови и отежнат сообраќај по…

Поплави, одрони, спасувачка акција и отежнат сообраќај.…

Муцунски на средба со Кос во Брисел:…

Ја потврдивме нашата силна посветеност кон евроинтегративниот…