Мицкоски дезертираше од економскиот совет на Влада, откако на негово барање Ковачевски го поканил

t

Премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук соопшти дека заседавал Економскиот економскиот совет на кој, како што вели Ковачевски, биле поканети и претставници на ВМРО-ДПМНЕ, но тие не дошле

– Економскиот совет во проширен состав, е формиран рамки на Владата, со цел во кризни времиња, во широка консултација, да се донесат сеопфатни и издржани одлуки во интерес на граѓаните. На овој Економски совет секогаш, и во време на корона кризата, покана имале сите чинители, претставници на опозицијата, стопанските комори, претседателот на ЗЕЛС, професори од академската заедница, со единствена намера да се креираат најдобрите решенија за економската иднина на државата.

На последниот Економски совет во проширен состав, покана беше испратена и до ВМРО-ДПМНЕ, но, за жал, ниту еден претставник од опозициската партија не се појави.

Поканата за нив останува отворена и за следниот Економски совет кој ќе се одржи оваа среда во 12:00 часот. Владата е отворена и тие се секако добредојдени да ги презентираат решенијата кои ги имаат.

Во врска со понудите кои ВМРО-ДПМНЕ ги споменуваат деновиве во медиумите, со оглед на ургентноста, верувам дека веќе и ги имаат доставено до ЕСМ како што побара и предочи директорот на компанијата, со оглед на фактот дека тоа е институционалната процедура по која државата може да постапи.

Во оваа насока, сметам дека е потребно да потенцирам дека економските политики се креираат институционално, во Владата на Економскиот совет, со учество на сите засегнати страни. Одлуките пак се носат на владини комисии и седница, не на партиски штабови и со помош на партиски структури.

Оваа тешка зима и економско-енергетска криза ќе се преброди само доколку сите сме насочени кон изнаоѓање на решенија кои ќе обезбедат енергенси, струја и храна за граѓаните. Ова не е време за политички поени и лицитации, покани за дуели и средби туку време за работа, за заедништво и за креирање на политки за добробит на сите граѓани, напиша Ковачевски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детали од средбата Заев-Ковачевски-Ахмети: Мицкоски останува без…

На заеднички ручек во пријателска атмосфера екс-премиерот…

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…

Митовски: Никогаш, никому американците не влепиле ваков…

Не дека многу ги почитувам или поздравувам…