Мицкоски: Нема безусловни уставни измени, нема да капитулираме како претходната Влада

t

Владата нема да прифати безусловни уставни измени како што направи претходната и не сме подготвени на „капитулација“, рече меѓу другото премиерот Христијан Мицкоски денеска од Охрид, додавајќи дека „граѓаните се уморни од национални отстапки без гаранции за исполнување на крајната цел и од неисполнети ветувања“.

-За мене промена на Устав и прифаќање на тоа што го прифатила претходната влада не е реформа. Нашиот став е јасен и прецизен – граѓаните од лидерството во македонската влада очекуваат да го заштити македонскиот национален идентитет. Ние тоа го правиме. Нема цена по која можеме да правиме безусловни отстапки, изјави тој.

Според него, Владата е отворена за разговори, решенија, конструктивност, а судот ќе го дадат граѓаните на избори – ако мислат дека погрешил ќе гласаат за друга политичка опција а тој ќе замине од политиката.

-Но безусловно јас потпис да ставам на нешто што го прифатила претходната влада, или таканаречената капитулација, додека сум јас ова што сум, тоа не можам да го направам, рече премиерот.

Tој рече дека Владата има принципиелен став.

-Ќе продолжиме со реформите и ќе бидеме први по нивната реализација. Ако некој смета дека оваа држава, која се наоѓа во срцето на Балканот, со мирољубив народ, вредни граѓани и домаќински и посветени луѓе, треба да биде дел од Европската Унија, тогаш ние сме подготвени да направиме сè што е конструктивно, но не и деструктивно, рече тој за време на посетата на Охрид каде беше запрашан за евроинтегративните процеси  откако стана јасно дека Албанија и Црна Гора до крајот на годината ќе затворат поглавја, а Молдавија и Украина ќе отворат нови кластери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Економскиот раст на Мицкоски е статистичка…

Фалбите од собраниска говорница, на Христијан Мицкоски…

Аирлија амнестија на функционерите: Сиљановска веќе ги…

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова веќе ги…

СДСМ: Скопје се гуши, Мицкоски и неговите…

Скопје со денови е задушено во чад.…

Ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот…

Скопје е задушено во чад поради горењето…

Филипче: Граѓаните во Скопје се гушат, Мицкоски…

Скандалозна е изјавата на премиерот Мицкоски за…