Мицкоски од Гевгелија: Пуштена е во употреба новата детска градинка „Сончогледи“
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денес пушти во употреба градинка во Гевгелија. Во изјава за медиумите Мицкоски истакна:
– Четврта градинка од почетокот на годината, уште многу градинки коишто се почнати кон крајот на 24-та година и 25-та година во периодот што следи се привршуваат и ќе бидат ставени во функција.
Многу од проблемите коишто во минатото ги пратеа овие проекти се отстранети, засилена е динамиката на реализација и изградба на самите објекти, но истовремено и примањето на нов кадар, лиценциран кадар, е исто така интензивирано, нешто што во минатото беше закочено. Така што, можам да кажам дека нашиот приоритет како Влада, а тоа е просемејната политика, грижата за најмилите, за најмладите продолжува и понатаму во периодот којшто следи, бидејќи останува на младите иднината, а ние сме тие коишто треба да ја направат таа иднина поперспективна и на овој начин мислам дека на голем број брачни парови им се олеснува начинот на функционирање, а истовремено и сите тие се охрабруваат да се одлучат за дете повеќе, се разбира за новороденче повеќе, за да можат овие објекти да бидат што е можно пополни.

И од она коешто во неврзан разговор го направивме пред да почнеме со отворањето на градинката, со градоначалникот и со луѓето тука од Гевгелија, тоа е дека со овој објект веќе нема да имаме листа на чекање, овде во Гевгелија или таа листа ќе биде многу мала.

Така што, јас му честитам на градоначалникот, на министерот и заменикот во Министерството за социјална политика, демографија и млади, на пратеничката, на советниците, на администрацијата во Општина Гевгелија коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот и посакувам уште многу вакви убави проекти со коишто ќе додадеме квалитет во животите на гевгеличани, вели Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски од Гевгелија: Пуштена е во употреба…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денес пушти…
СДСМ: Скопје се гуши, Мицкоски и неговите…
Скопје со денови е задушено во чад.…
Ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот…
Скопје е задушено во чад поради горењето…
Филипче: Граѓаните во Скопје се гушат, Мицкоски…
Скандалозна е изјавата на премиерот Мицкоски за…
Јакимовски: Старата општинска барака на Карпош стана…
Старата општинска барака на Карпош стана привремена…