Мицкоски: Очекувам годинава да ја завршиме со раст меѓу 3,5 и 4 отсто, БДП веќе е 22 милијарди долари
Премиерот Христијан Мицкоски очекува да продолжи трендот на раст на македонската економија и годинава да ја завршиме со раст на БДП меѓу 3,5 и 4 проценти.
Во гостувањето во дневникот на МТВ, Мицкоски истакна дека по силното придвижување во вториот квартал очекува раст од 3,5 до 4 отсто и во останатите два квартала.
– Првите параметри кои излегуваат за првиот месец од третиот квартал како што се индустриското производство, туризмот, градежништвото, се охрабрувачки дека може да имаме силен трет квартал. Треба да видиме како ќе биде во следните месеци, но очекувам 2026 година да ја завршиме со реален раст меѓу 3,5 и 4 проценти, со што во континуитет ќе продолжиме да растеме на реална основа, а номинално растот да биде над 8 проценти, рече Мицкоски.
Посочи дека денес веќе може да се зборува за БДП кој номинално е 22 милијарди долари, и 12 илјади долари по глава на жител.
– Нешто што за нас претставуваше цел на крајот на мандатот еве го постигнуваме на нешто повеќе од половина од мандатот. Потврдениот рејтинг од агенцијата Фич е потврда за она што го работиме. И покрај нихилизмот и желбата на опозицијата да банкротира државата, бидејќи знаат во какви долгови и каков хаос ја оставија. Тие секоја вечер легнуваат и се молат нешто лошо да ѝ се случи на државата. Но, за нивна жал, а за среќа на државата и на граѓаните тоа не се случува, одиме напред. Дали е совршено, не е совршено, дали има проблеми има проблеми, но ние ги решаваме, особено по катастрофата што ја наследивме. Факт е дека се живее подобро отколку пред три години, а ќе сториме се да се живее подобро и по три години отсега, истакна Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Очекувам годинава да ја завршиме со…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува да продолжи трендот…
Американските 10-годишни обврзници стигнаа до 5% –…
Еден од најважните финансиски сигнали денеска дојде…
ЕУ не успеа да се договори за…
Во Европската Унија повторно се појавија поделби…
Мицкоски: Горивата кај нас се 20 до…
Цената на горивата во Македонија е меѓу…
Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка на Партизанска…
Мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа…