Мицкоски: Членството во ЕУ значи промена со додавање вредности, а не промена на идентитет
Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски учествуваше на Самиотот посветен на отпорноста во Северна Рајна-Вестфалија, при што на панелот “Отпорност како императив за севкупното општество” истакна дека веќе 15 години Македонија не е членка на ЕУ заради вештачки прашања, а сега се соочува со друго барање од членка на ЕУ, а сето тоа може да се гледа и како на рушење на отпорноста на Унијата.
-Во Дизелдорф учествував на Самитот посветен на отпорноста во Северна Рајна-Вестфалија, каде на панелот “Отпорност како императив за севкупното општество” истакнав дека Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ заради вештачки прашања. Сега се соочуваме со вештачко барање од земја членка ма ЕУ, а сето тоа може да се гледа и како на рушење на отпорноста на ЕУ, а кога постои таква дупка во системот, тогаш станува збор за ранливост на системот. Не секогаш рушењето на системот е предизвикано од оружје, туку и со други ресурси. Затоа е потребна робусна акција на ЕУ кога земја кандидат се бори со прашања од минатиот век поставени од земја членка на ЕУ, пишува на Фејсбук премиерот Мицкоски.
Членството во ЕУ значи промена со додавање вредности, а не промена на идентитет, дециден е премиерот.
-Почнавме пред 26 години, дури и пред Хрватска, којашто сега е земја членка на ЕУ. Се бориме за нашите права, дел сме од НАТО, целосно усогласени со надворешната политика на ЕУ, ја штитиме ЕУ од нелегална миграција од членки на ЕУ, и така ќе продолжиме, пишува меѓудругото Мицкоски во својата објава на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Членството во ЕУ значи промена со…
Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски учествуваше…
ЕК: Уставните измени и реформите во правосудството…
Македонија и во најновиот извештај на Европската…
Европската комисија ги повикува граѓаните да подготват…
Европската комисија претстави нови насоки со кои…
Фон дер Лајен, Кошта и Марта Кос…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…