Мицкоски ја поддржува ама и не ја поддржува акција на САД, велат од СДСМ

t

Христијан Мицкоски вели дека ги поддржува САД како стратешки партнер и владата ја поддржува акцијата во Венецуела, ама од друга страна вели дека е спротивно на меѓународното право, пишува во соопштение опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ).

„Во животот, кога еднаш ќе направите исклучок, тој потоа станува пракса и таа пракса е прашање на време, не дали туку прашање на време е кога ќе се удри од вашиот грб“, рече денеска Мицкоски. За Мицкоски ниту ЕУ не се грижи за меѓународното право. Бидејќи лично тој го блокираше европскиот пат на Македонија самиот го потврди она што го говориме, разоткриен е. – велат од СДСМ

Значи Мицкоски ја поддржува ама и не ја поддржува акцијата на САД. Зошто? Затоа што можеби утре го чека истата судбина како Мадуро? Денеска неговиот „стрико“ од Белград – Вучиќ, го нападна претседателот Трамп преку своите медиуми. По седницата на Советот за безбедност, најави дека армијата двојно ќе го зголеми воениот капацитет. И тој се плаши од апсење очигледно. САД веќе носат посебен Закон за Западен Балкан со фокус на борбата против криминалот и корупцијата. Нема бегање, сите ќе одговараат! – додаваат од СДСМ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски ја поддржува ама и не ја…

Христијан Мицкоски вели дека ги поддржува САД…

Рубио: САД не се во војна со…

Марко Рубио изјави дека Соединетите Американски Држави немаат…

Нетанјаху ја поздрави американската интервенција во Венецуела

Израелската влада јавно застана зад потезите на…

Мицкоски: Стоиме зад потезите и аргументите на…

„Ние како Влада апсолутно стоиме зад потезите…

Папата: Венецуела треба да остане независна држава

Папата Лав Четиринаесетти денеска изјави дека со…