Објавено на:

Момче од Србија е уапсено во Солун за кражба на над 50.000 евра во криптовалути

t

Србин на возраст од 23 години кој беше уапсен во Солун поради меѓународна потерница издадена под сомнение за учество во грабеж, се согласи да биде екстрадиран во Србија и таму да му се суди, објавија грчки медиуми.

Вчера, тој беше донесен во обвинителството во Солун за постапка по црвената потерница на Интерпол, каде што изјави дека се согласува со барањето на Србија за негова екстрадиција и судење во таа земја.

Според документите врз основа на кои е издадена потерницата, кривичното дело за кое е обвинет наводно го сторил заедно со уште неколкумина во текот на 2025 година во Белград. Случајот се однесува на криптовалути во вредност од над 50.000 евра.

23-годишен маж беше уапсен во четврток попладне во ресторан во близина на Новиот брег во Солун, по полициска операција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Момче од Србија е уапсено во Солун…

Србин на возраст од 23 години кој…

Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…

Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…

Судир меѓу полиција и демонстранти на протест…

Протест пред албанскиот Парламент, придружен со судир…

Ужас во Тузла: 15-годишна ученичка со нож…

Во основно училиште во Тузла, утрово 15-годишно…

Ел Нињо се враќа: Македонија и регионот…

Ел Нињо се буди во Пацификот и…