Муцунски: Многу сме блиску до склучување на договор со САД – највисоката тарифа за македонски производи ќе изнесува 15 проценти

t

Македонија е на чекор до склучување на важен трговски договор со САД, што ќе донесе значителни олеснувања за македонскиот извоз. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска соопшти дека највисоката тарифа за македонските производи ќе изнесува 15 отсто, што е поповолно во споредба со многу земји од светот и регионот. За одредени клучни индустрии, тарифите ќе бидат дури и под овој процент.

Според Муцунски, неодамна потпишаната заедничка изјава е клучната потврда дека процесот се движи во вистинска насока, објави 4news.mk Тој појасни дека ова е вообичаена процедура која претходи на официјалниот договор, кој понатаму ќе треба да помине и низ собраниска филтрација. Иако преговорите се од доверлив карактер, министерот нагласи дека фактот што Вашингтон одлучил да и даде приоритет на Македонија е директен доказ за силното стратешко партнерство меѓу двете земји.

„Ова е колективен успех на Владата. САД во моментов преговараат со целиот свет за ова прашање, а одлуката да се фокусираат на помала економија како нашата покажува колку е значајна нашата релација со Вашингтон“, истакна Муцунски.

Во процесот на преговори, покрај Министерството за надворешни работи, активна улога имаа и премиерот Христијан Мицкоски преку неговите контакти во САД, како и ресорите за финансии, земјоделство, одбрана и дигитална трансформација, објави 4news.mk Муцунски изрази оптимизам дека конечниот исход ќе донесе конкретни бенефити за деловната заедница, ќе ја зајакне економијата и ќе го подобри стандардот на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Муцунски: Многу сме блиску до склучување на…

Македонија е на чекор до склучување на…

Си-ен-ен: Американската војска е подготвена да го…

САД распоредуваат моќни поморски и воздухопловни сили…

МВР доби донација од САД – најсовремена…

Во рамки на денешните активности во кругот…

Трговски договор САД-Јапонија во вредност од 550…

Белата куќа објави дека САД и Јапонија…

Амбасадата на САД во Приштина: На овој…

Амбасадата на САД во Приштина потсети дека…