МВР доби донација од САД – најсовремена опрема за единицата за експлозиви
Во рамки на денешните активности во кругот на Министерството за внатрешни работи, министерот Панче Тошковски присуствувше на предавањето на донација од Амбасадата на САД – најсовремена опрема за Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства.
„Оваа донација, вредна околу еден милион евра е уште една потврда за силното стратешко партнерство и пријателството меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Со оваа високософистицирана опрема која се состои од роботи, бомбашки одела, телескопски манипулативни раце, детектори и рендген уреди за откривање експлозивни средства, фибер-оптички камери, како и специјализирано возило за транспорт, директно вложуваме во заштита на човечки животи и во безбедноста на нашите полициски службеници кои се справуваат со најсложени задачи.
Упатувам искрена благодарност до Амбасадата на САД за континуираната поддршка, обуките и довербата што ја даваат на македонската полиција. Продолжуваме заедно да ги јакнеме капацитетите на МВР и да градиме посигурна и побезбедна држава“, вели Тошковски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД се подготвуваат за распоредување меѓународни сили…
Американските воени подготовки се во тек во…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…
САД и Иран се приближуваат до можен…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Маж уапсен со оружје во близина на…
Американската Тајна служба уапси маж во близина…