Муцунски телефонски се слушна со Анита Орбан oд Тиса – која ќе биде идниот министер за надворешни работи на Унгарија
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари телефонски разговор со Анита Орбан, главен советник за надворешна политика на новата владејачка партија на Унгарија – TISZA, соопштија од МНР.
Во разговорот, министерот Муцунски упати искрени честитки по повод резултатите на парламентарните избори.
Соговорниците ги реафирмираа одличните билатерални односи и високото ниво на политичка соработка, изразувајќи подготвеност за нивно понатамошно продлабочување, со посебен акцент на политичката, економската и трговската соработка.
Воедно, разменија мислења за евроинтегративниот пат на нашата држава, при што беше потврдена јасната и силна поддршка од Унгарија. Стана збор и за актуелните геополитички состојби во Европа и пошироко.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Муцунски телефонски се слушна со Анита Орбан…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…
Министерството за правда за „досието Груевски“: Утре…
За Никола Груевски досега е поднесено едно…
СЛОВЕНИЈА НА КРСТОПАТ: Сака да ги напушти…
Словенија повторно се најде во фокусот на…
Филипче бара екстредиција на Груевски и проверка…
Доколу порнешниот премиер Никола Груевски се врати…
ЗНМ и ССНМ: Политичките партии не смеат…
Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот…