На ГП „Богородица“ се чека околу 30 минути за излез од Македонија
На ГП „Богородица“ се чека околу 30 минути за излез од Македонија
ScreenShot/ЈП за државни патишта
На граничниот премин (ГП) „Богородица“ се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На ГП „Богородица“ се чека околу 30…
На ГП „Богородица“ се чека околу 30…
Бегалец од прилепскиот затвор уапсен по кражба…
Полициски службеници од СВР Битола привеле две…
Скопје памети, 63 години од катастрофалниот земјотрес
Скопје денеска одбележува 63 години од катастрофалниот…
Трамп: Ако не добиеме сè што сакаме,…
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека…
По кражбата на енергетската инфраструктура за железница,…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…