На Ѓоковиќ вакво нешто не му се случило во последните седум години!
Новак Ѓоковиќ официјално ќе ја заврши 2024 година на седмата позиција на АТП ранг-листата, што претставува негов најслаб резултат во последните седум години.
По завршувањето на финалниот мастерс во Торино, Јаник Синер го потврди првото место, додека Србинот падна драстично што е потврда за најлошата година по 2017 година, кога го заврши годината на 12. место. Ѓоковиќ тогаш се соочи со сериозни проблеми со повреда на лактот, кој одби да го оперира, што резултираше со лоши настапи на големите турнири, вклучувајќи ги елиминацијата во второто коло на Австралија Опен, четвртфиналето на Ролан Гарос и Вимблдон, каде што мораше да се повлече. По овие натпревари, ја заврши сезоната и го пропушти УС Опен, враќајќи се на терените дури во 2018 година.
Добрите вести за Ѓоковиќ се тоа што во 2025 година има малку бодови за одбрана. Очекувањата се дека тој ќе се фокусира на четирите Гренд слем турнири и ќе атакува и на другите големи титули, со цел повторно да се врати на врвот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Комити“ закажаа прес-конференција и ги повикаа директорите…
Доаѓањето на новиот сопственик и изборот на…
На Ѓоковиќ вакво нешто не му се…
Новак Ѓоковиќ официјално ќе ја заврши 2024…
Вицепремиерот Иван Стоилковиќ не отиде на меѓувладината…
Според фотографиите и преносот од пречекот на…
Спречен нелегален транспорт на телиња во Дебар
На влез во Дебар при контрола на…
Руски ракетен напад врз Одеса, осум загинати
Најмалку осум лица загинаа денеска во руски…