Над 1.600 сообраќајни прекршоци за три дена, 43 лица лишени од слобода
Полицијата во периодот од 24 до 26 август спровела засилени сообраќајни контроли низ целата земја, при што биле регистрирани вкупно 1.621 прекршок. Најголем дел од санкциите се однесуваат на непочитување на дозволената брзина, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од вкупниот број издадени платни налози, 456 биле за возачи кои возеле побрзо од дозволеното. Во истиот период, полицијата лишила од слобода 43 лица поради безобѕирно управување со возило.
„Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 43 лица, од кои двајца за возење под дејство на алкохол, 20 за возење без возачка дозвола, двајца поради претходно изречена забрана за управување со возило“, наведува МВР.
Полицијата во текот на трите дена одзела и 19 возила согласно член 300-б од Кривичниот законик.
Меѓу останатите регистрирани прекршоци, 385 се однесувале на неправилно паркирање, додека 28 возачи биле санкционирани за управување со возило под дејство на алкохол.
„Согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 159 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем“, соопшти Министерството.
Дополнително, санкционирани биле 105 учесници во сообраќајот поради некористење сигурносен појас. Седумнаесет нерегистрирани возила биле отстранети од сообраќај, а уште седум поради техничка неисправност. Четворица возачи добиле санкции поради непочитување на правилата за затемнување на стаклата на возилата.
Од МВР најавуваат дека контролите ќе продолжат и во наредните денови и апелираат до возачите и останатите учесници во сообраќајот да ги почитуваат прописите.
„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, се наведува во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Над 1.600 сообраќајни прекршоци за три дена,…
Полицијата во периодот од 24 до 26…
МВР: Констатирани 140 прекршоци и осум кривични…
Секторот за сообраќајни работи при Министерството за…
Странските државјани можат онлајн да ги плаќаат…
Странските државјани кои со возила со странски…
Кривична пријава: Незаконски продавале отпад од ,,Тутунски…
Од МВР информираат дека се поднесени кривични…
МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки,…
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…