Над еден милион луѓе евакуирани во Кина поради тајфунот Делфин
Кинескиот источен брег во последните неколку дена се подготвуваше за пристигнувањето на бурата, при што во некои области долж предвидената траекторија беа прекинати работата и транспортните услуги.
Центарот на тајфунот се премести над копното во близина на градот Јухуан во провинцијата Џеџијанг околу 17:30 часот по локално време (09:30 GMT), соопшти кинескиот Национален метеоролошки центар (NMC) во објава на интернет.
Максималната брзина на ветерот во близина на центарот на бурата во моментот на ударот на копното била над 150 километри на час, соопшти NMC. Во делови од централниот и источниот дел на Џеџијанг се очекуваат меѓу 250 и 500 милиметри дожд.
Властите евакуираа повеќе од 900.000 жители од градот Венџоу и отворија повеќе од 1.000 привремени засолништа. Речиси 1.400 летови од и кон двата главни патнички аеродроми во Шангај беа откажани во неделата, објави државната телевизија CCTV.
На аеродромот во Хангжу, во соседната провинција Џеџијанг, биле откажани 270 летови, во пристигнување и заминување.
Обилен дожд и силен ветер
Последиците од бурата се почувствуваа дури и во Хонг Конг, на јужниот брег на Кина, каде метеоролошката опсерваторија регистрираше рекордно висока температура од 36,9 степени Целзиусови. Температурата била предизвикана од топол воздух кој тајфунот Делфин го донел над градот.
„Со оглед на тоа што бурата се движи кон областа на Џеџијанг и се движи кон внатрешноста, нејзиниот надворешен воздушен систем ќе продолжи да носи исклучително топло време во регионот од денес до вторник“, соопшти Хонгконшката опсерваторија.
Тајфунот Делфин донесе обилен дожд и силни ветрови во јапонската Окинава пред да стигне до Кина.
Седум лица во Окинава претрпеа полесни повреди, меѓу кои и маж на возраст над 100 години, кој бил соборен од силните налети на ветерот, паднал на земја и ја удрил главата, соопштија властите на островот.
До недела попладне, 5.290 домаќинства во Окинава останале без електрична енергија, според регионалната компанија Okinawa Electric Power.
Во Тајван беа суспендирани десетици траектни линии, а повеќе од 180 летови беа откажани откако бурата донесе поројни дождови и силни ветрови во северниот дел на островот во неделата.
Издадено црвено предупредување
Кинескиот Национален метеоролошки центар во неделата наутро издаде црвено предупредување за тајфун — највисокото ниво на предупредување — и предвиде „исклучително поројни дождови“ во некои области на централниот и источниот дел на Џеџијанг.
Обилни врнежи се очекуваат и во Шангај, како и во делови од провинциите Фуџијан, Анхуи и Џиангсу, во текот на понеделник попладне, соопшти центарот.
Се очекуваше тајфунот Делфин да ослабне откако ќе стигне на копното и ќе продолжи да се движи во северозападен правец низ источна Кина.
Во Фуџијан, речиси 99.000 луѓе беа евакуирани од „ризичните области“ во саботата навечер, пред пристигнувањето на бурата, објави државната новинска агенција Ксинхуа.
Во Џеџијанг и Фуџијан беа суспендирани услугите на повеќе од 200 траектни линии, објави Ксинхуа. Работата на офшор-проектите беше прекината, а 474 градежни пловни објекти беа повикани да се вратат во пристаништата до петокот наутро, соопшти агенцијата.
Некои железнички линии во погодените области исто така беа суспендирани во неделата со цел да се осигури безбедноста на патниците, објавија државните медиуми.
Научниците велат дека климатските промени предизвикани од човековата активност ги прават екстремните топлотни бранови почести и поинтензивни ширум светот.
Пристигнувањето на тајфунот Делфин во Кина се случува само две недели откако тајфунот Нул го погоди јужната провинција Гуангдонг. Властите тогаш го прогласија за најсилната бура што ја погодила Кина оваа година.
Тајфунот Нул усмрти три лица и оштети стотици домови на Филипините пред да стигне до Кина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Над еден милион луѓе евакуирани во Кина…
Кинескиот источен брег во последните неколку дена…
Јапонија: Евакуација за стотици илјади луѓе поради…
Стотици илјади жители на југозападна Јапонија денеска…
(Видео) Кина успешно ја лансираше ракетата „паметен…
Кина во средата успешно лансираше носечка ракета…
(Видео) Во Кина откриени остатоци од алкохолен…
Кинеските археолози открија остатоци од алкохолен пијалок…
Америка ги забрани новите кинески хуманоидни роботи…
Американската Федерална комисија за комуникации (ФЦЦ) вчера…