Напад врз полицаец во Клиничката болница Тетово по сообраќајна незгода
Полициски службеници од СВР Тетово на 1 јануари 2026 година, во 00:54 часот, го лишиле од слобода 19-годишниот А.З. од тетовското село Порој.
Според информациите, претходно на улицата „Иво Рибар Лола“ во Тетово, тој управувајќи патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки удрил во рабник. При полициската контрола било утврдено дека возел под дејство на алкохол, при што алкотестот покажал 1,68 промили алкохол во крвта.
По сообраќајниот инцидент, лицето било пренесено во Клиничката болница во Тетово, каде што за време на службени дејствија физички нападнало полициски службеници.
По целосно документирање на случајот, против А.З. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Напад врз полицаец во Клиничката болница Тетово…
Полициски службеници од СВР Тетово на 1…
МЗ ги разгледува можностите за медицинското згрижување…
Министерството за здравство ги разгледува можностите и…
МВР објави нови информации за крвавиот инцидент…
Министерството за внатрешни работи излезе со официјални…
Хорор: Двегодишното дете било погодено со залутан…
Скопје Инфо дознава нови детали за тешкиот…
По трагичната несреќа во Швајцарија, Македонија подготвена…
Министерот за надворешни работи и трговија Тимчо…