Напад од диво животно на Халкидики: Шакал изгризал дете на плажа кај Неос Мармарас

t

Дете на возраст од околу пет години било нападнато од шакал кај грчкото летувалиште Неос Мармарас, на вториот крак на Халкидики, пренесуваат локалните медиуми.

Детето било повредено и се лекува во јавна болница во Солун, а според информациите од болницата, се наоѓа во добра состојба.

За нападот бил известен Шумскиот оддел во Полигирос, чии екипи се обидуваат да го пронајдат животното.

„Според информациите, детето било на плажа во областа Неос Мармарас на Халкидики и пред неколку дена било нападнато од диво животно. Ја контактиравме болницата каде што се лекува детето, а оттаму нè информираа дека станувало збор за напад од шакал. Инцидентот е загрижувачки доколку навистина станува збор за шакал, бидејќи тоа е вид диво животно кое вообичаено се плаши од луѓе“, соопшти Ловечката федерација на Македонија и Тракија (КОМАТ).

Ова е втор ваков инцидент во пошироката област за само неколку дена. Пред два дена, 55-годишен маж бил нападнат од диво животно на плажа. Тој се здобил со повреда во задниот дел на вратот и побарал медицинска помош.

Од КОМАТ изразија загриженост поради двата случаи и повикаа на сеопфатен и координиран пристап кон зголемениот број средби меѓу дивите животни и луѓето во Грција.

Шакал или чакал е грабливец со средна големина од семејството на кучињата. Живее во делови од Африка, Азија и од југоисточна Европа, а во Македонија е застапен обичниот шакал (Canis aureus).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Напад од диво животно на Халкидики: Шакал…

Дете на возраст од околу пет години…

Историски момент: Грција добива астронаут во Вселената

Човекот кој треба да стане првиот грчки…

Грчки остров ќе им дава по 3.000…

Општина Нисирос ќе им исплаќа еднократна помош…

Гркинка на 54 години роди девојче од…

Гркинка сред шестото десетлетие од својот живот…

Километарски колони на „Евзони“ за влез во…

Километарски колони возила со часови чекаат за…