Најмногу дожд падна во Крива Паланка – измерени 30 литри на метар квадратен

t

Најмногу врнежи во изминатите 24 часа се измерени во Крива Паланка – 30 литри на метар квадратен, покажуваат податоците на УХМР.

Следуваат Струмица со 18 l/m², Виница со 13, Берово со 8, Тополчани со 6, Битола со 3, додека во Радовиш, Пожар и Крушево се измерен по 1 литар на метар квадратен.

Од УХМР напоменуваат дека поради локалниот карактер на временските процеси, количината на врнежи може значително да варира, па на одделни места може да паднал и многу поголем воден талог.

За денеска се очекува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност, но наместа ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се движи од 29 до 36 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло, со максимална температура до 36 степени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмногу дожд падна во Крива Паланка –…

Најмногу врнежи во изминатите 24 часа се…

Неизвесен исход на референдумот во Исланд, половина…

Опцијата „против“ повторното започнување на преговорите за…

Силно невреме ја погоди североисточна Македонија, најкритично…

Силно невреме проследено со ветер и обилен…

Подгответе се: Септември почнува со пекол, есента…

Летото нема да заврши со последниот ден…

Под контрола е пожарот во Националниот парк…

Пожарот што се закануваше да зафати поголем…