Објавено на:

Независни за Карпош: Канализација се излева во Горно Нерези, Општината упорно дава одобренија за градби во руралните места

t

Од граѓанската иницијатива „Независни за Карпош“ утрово алармираа за сериозен проблем со канализацијата во Горно Нерези, каде има голем отворен излив, кој, како што велат од иницијативата, потекнува од прекината или недоизведена цевка, со што се загадува околината.

Од „Независни за Карпош“ сметаат дека до овие ситуации и излевања на канализацијата доаѓаат по, како што велат, упорното издавање на одобренија за градби во руралните делови, како што е Горно Нерези, каде се уште не се решени инфраструктурните проблеми како водоснабдување и канализација.

„Ова е прекината или недоизведена цевка за канализација во падините на Горно Нерези. Општината упорно издава одобренија за градби како рурален дел, со урбанистички проекти, не земајќи во предвид дека водоснабдувањето и канализацијата се нерешени во овој дел. Така доаѓаме до оваа слика на отворен излив на канализација, делот над Вила Ина кој интензивно ја загадува околината. На неколку наши барања за приоритет на изведба и решавање на канализација и водоснабдување за Горно Нерези, немаме одговор. Со темпото со кое во минатиот период се издадени одобренија за градба во тој дел, а без никаква инспекциска контрола, ова е редовна слика и на други делови“, велат од иницијативата.

Од „Независни за Карпош“ побараа итна реакција од страна на Општината за решавање на овој сериозен проблем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Независни за Карпош: Канализација се излева во…

Од граѓанската иницијатива „Независни за Карпош“ утрово…

СДСМ бара оставка од Панче Тошковски за…

„Трагедијата во скопската населба Карпош, каде трагично…

Едно лице задржано по трагичниот настан во…

Основното јавно обвинителство Скопје ги издава сите…

(Видео) Јакимовски наброи: Кои проекти требаше, а…

Ако победев на локалните избори, денес немаше…

(Видео) Глутница кучиња бркаат човек во Карпош

Независни за Карпош бараат ИТНО да се…