„Нема семејство без заболен“ – Водата за пиење во Гостивар е кафеава
Здравствената состојба во Гостивар предизвикува сè поголема загриженост, откако голем број граѓани побарале лекарска помош поради стомачни тегоби и симптоми кои наликуваат на труење.
Според информациите од здравствените установи, во изминатите денови околу 1.200 лица, меѓу кои и деца, се јавиле во гостиварската болница. Во меѓувреме, надлежните институции препорачаа водата од градскиот водовод да не се користи за пиење и подготовка на храна сè додека не завршат анализите.
Од друга страна, градоначалникот на Гостивар и директорката на јавното претпријатие за водовод и канализација изјавија дека засега нема докази кои потврдуваат дека причината за здравствените проблеми е водата од чешмите.
Случајот предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, каде граѓани и јавни личности изразуваат загриженост и бараат целосно расветлување на причините за појавата на симптомите.
Новинарката Анастасија Богдановска посочи дека, според нејзините сознанија, бројот на засегнати граѓани е значително поголем од официјално соопштените бројки, наведувајќи дека речиси секое семејство има барем еден член со симптоми.
Со реакција се огласи и новинарката Мери Јордановска, која праша како е можно толкав број луѓе во краток период да развијат исти симптоми и побара институциите целосно да ја утврдат причината за случувањата и да ја информираат јавноста.
Во меѓувреме, надлежните институции продолжуваат со испитувањата, а граѓаните очекуваат официјални резултати кои ќе ја разјаснат причината за здравствената криза.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Нема семејство без заболен“ – Водата за…
Здравствената состојба во Гостивар предизвикува сè поголема…
Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар…
Министерот за здравство Сашо Клековски во 11:30…
Трамп и Шпанскиот премиер Санчес ќе бидат…
Шпанскиот премиер Педро Санчес ќе отпатува во…
Лимани: Забраната за користење на водата во…
Градоначалникот на Гостивар, Ваљбон Лимани, ги повика…
Американските рафинерии профитираат од глобалната побарувачка, цените…
Американските рафинерии остваруваат значителни приходи поради рекордната…