Николоски: Автопатот Прилеп – Битола се гради интензивно, станува симбол за развој на Пелагонија
Министерот за транспорт, Александар Николоски, соопшти дека интензивно продолжуваат градежните работи на автопатот Прилеп – Битола, оценувајќи го проектот како еден од најзначајните инфраструктурни зафати во земјава.
Според Николоски, изградбата на автопатот се одвива со засилена динамика на терен, а целта е веќе следната година сообраќајот да се одвива по една коловозна лента.
Тој истакна дека станува збор за најдолгата поединечна делница од автопат што моментално се гради во Македонија и нагласи дека проектот ќе има огромно значење за развојот на целиот пелагониски регион.
„Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија. На терен се работи сè поинтензивно на изградбата на овој стратешки автопат што ќе го поврзе целиот регион и ќе отвори нови можности за развој“, посочи Николоски.
Според него, новата современа сообраќајница ќе овозможи побезбеден и побрз сообраќај, подобра регионална поврзаност, поголема конкурентност на стопанството и ќе претставува силен поттик за економскиот развој на Пелагонија.
Николоски нагласи дека Пелагонија е еден од најважните региони во Македонија, поради што Владата инвестира во модерна патна инфраструктура која ќе придонесе за подобар квалитет на живот на граѓаните, како и за создавање нови можности и перспективи за идните генерации.
Тој порача дека реализацијата на капиталните инфраструктурни проекти останува еден од приоритетите, со цел подобро поврзување на градовите, побезбеден сообраќај и рамномерен регионален развој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Николоски: Автопатот Прилеп – Битола се гради…
Министерот за транспорт, Александар Николоски, соопшти дека…
Ужас во Струга: Си ги оставила децата…
Одделението за внатрешни работи во Струга поднесе…
СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Театар…
Додека ЗНАМ се распаѓа и последните двајца…
Дали цените значат подобар животен стандард: Евростат…
Новото истражување на Евростат покажа големи разлики…
Поднесена кривична пријава: 35-годишник натепал 10-годишно дете…
ОВР Струга поднесен кривична пријава против Ч.Д.(35)…