Николоски: Увозот на работна сила е неминовен за спас на домашното стопанство
Македонската економија се соочува со сериозен дефицит на работна сила кој го загрозува опстанокот на домашните компании. Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, во интервју за емисијата „Ноќно студио“ на 4TV.mk, порача дека увозот на работници од странство не е само потреба, туку неминовност за спас на приватниот сектор.
Според анализите на Министерството, стопанството во моментов има капацитет и потреба да апсорбира помеѓу 40,000 и 50.000 работници годишно, додека за тековната година се планира увоз на околу 10.000 работници. Николоски појасни дека ова е клучно за да се спречи затворањето на капацитетите кои не можат да ги исполнат своите обврски поради недостиг на кадар.
„Имаме ситуација каде голем број компании размислуваат за намалување на активностите или целосно затворање затоа што не можат да обезбедат работници. Мојот пристап е позитивен – подобро е во една средна компанија каде работат 100 наши луѓе, да увеземе дополнителни 20 работници и да имаме 120 среќни семејства, отколку да не увеземе никого и сите 100 домашни работници да останат на улица бидејќи капацитетот се затворил,“ изјави Николоски.
„Мораториум за градба по трагедијата во Кисела Вода“
Министерот истакна дека и најразвиените економии во светот го применуваат овој модел за да го одржат растот. Тој додаде дека, иако државата работи на враќање на дијаспората, реалноста на пазарот на труд бара итни решенија.
Воедно, Николоски посочи дека стапката на невработеност во земјава е во постојан пад и се очекува да се стабилизира на историски ниски 6 до 7% (вклучувајќи го и земјоделскиот сектор). Токму оваа рекордно ниска невработеност дополнително го нагласува недостигот на работна рака кој мора да се надополни со увоз за да продолжи економскиот развој и реализацијата на големите инфраструктурни проекти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Николоски: Увозот на работна сила е неминовен…
Македонската економија се соочува со сериозен дефицит…
Почна акцијата „Генералка викенд“, ќе трае 3…
Почна акцијата „Генералка викенд“, каде волонтери, ученици…
Се прават анализи за најповолно финансирање за…
Новата болница во Штип и понатаму на…
Уапсен е 26 годишен кавадарчанец – се…
Полицијата во Кавадарци вчера уапси 26-годишен маж…
Грција го менува уставот поради вештачката интелигенција
Грчката влада најави голема ревизија на уставот…